СТУДЕНТИТЕ ОД ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИЈАТА „ИНТЕРЕВРОПА“

СТУДЕНТИТЕ ОД ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИЈАТА „ИНТЕРЕВРОПА“

Како резултат на долгогодишната соработка помеѓу Економскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје и една од најреномираните компании од областа на логистиката, шпедицијата и транспортот, денес, 24.03.2016 година, студентите од овој факултет имаа можност да реализираат инстуктивна и прагматична наставна посета на Меѓународниот концерн „Интеревропа“.

Воведувањата во логистиката, како и развојно планските концептуални активности, пред студентите ги презентираа директорот д-р Небојша Цветановски (инаку член на Советодавниот одбор на Економскиот факултет на УТМС) и м-р Андреј Кариш, регионален директор и директор на Интеревропа-Москва.

Студентите во целесообразна разработка на системот на делување на логистиката, реализираа директно учество во сите фази на оваа особено сигнификантна област во структурирањето на сите деловни активности во домашниот, но и меѓународниот сегмент на стопанисување.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).