ПРАКТИЧНА НАСТАВА НА СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ ВО КАРИЕРНИОТ ЦЕНТАР НА УТМС

ПРАКТИЧНА НАСТАВА НА СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ ВО КАРИЕРНИОТ ЦЕНТАР НА УТМС

Практичноста на наставата на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент во рамките на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и методологијата на учење имаат своја уникатност и предност.

Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент се грижи за доследно и стручно изведување на наставната програма. Покрај теоретското знаење што го добиваат студентите, често работат и на практични проекти, што им овозможува да се стекнат компетенции и вештини од реалниот бизнис.

Студентите со задоволство и крајно посветено ги реализираат своите работни обврски.

На студентите од прва година на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент по предметот Маркетинг, под менторство на Доц.д-р Далиборка Блажеска и Асс.м-р Андреја Мачкиќ им беше дадена задача да направат споредбена анализа на промотивните активности кои ги преземаат туристичките агенции.

Како материјал беа користени промотивните материјали од годинешниот Саем за туризам во Солун, каде студентите се запознаа со маркетинг активностите на туристичките агенции и туроператори за престојната туристичка сезона. Беше разговарано и практично беше потврдено што треба да превземаат туристичките агенции за да се диференцираат во однос на останатите на пазарот. Овие предлог мерки треба да им користат за создавање на конкурентска предност на нашите туристички агенции.

Практичните вежби им овозможуваат на нашите студенти да ги надоградат своите теоретски знаења со вештини и компетенции од секојдневната практика.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).